Фото: Пиксабеј

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Алјаска доцна во саботата по локално време, предизвикувајќи предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки институт.

Плиткиот земјотрес се случи во 22:48 часот во саботата, на околу 89 километри југозападно од малиот град Сенд Поинт, додаде агенцијата.

Националниот центар за предупредување од цунами во Палмер, Алјаска соопшти дека предупредувањето за цунами е на сила за јужна Алакса и полуостровот Алјаска.

За другите американски и канадски брегови на Пацификот во Северна Америка, се проценува нивото на опасност од цунами.

Алјаска е дел од сеизмички активниот огнен прстен на Пацификот.

Алјаска беше погодена од земјотрес со јачина од 9,2 степени во март 1964 година, најсилниот досега регистриран во Северна Америка. Го опустоши Енкориџ и предизвика цунами што ги погоди Заливот на Алјаска, западниот брег на САД и Хаваите. Во земјотресот и цунамито загинаа повеќе од 250 луѓе.