Повеќе од илјада странци досега се вклучиле во борбите против Русија, според украински податоци.

– Доброволци од 16 земји ширум светот веќе дојдоа во Украина, подготвени да се борат заедно со украинскиот народ против агресорите – изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Тој додаде дека „нивниот број веќе надминал повеќе од 1.000 луѓе“.

Информацијата засега не е потврдена од независни извори, јави ДПА.

Кулеба не прецизираше од кои држави дошле доброволците. Тој нагласи дека 19 земји досега ветиле испораки на оружје за Украина.