Фото: Твитер

Советникот на Зеленски, Михајло Подољак на Твитер напиша дека долгоочекуваната контраофанзива „нема да биде индивидуален настан што ќе започне во одреден час на одреден ден со свечено сечење на црвена лента“.

Тој вели дека претстојната контраофанзива на Киев ќе вклучи „десетици различни акции“ за уништување на руските сили во „различни правци“.