Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека окарактеризирањето на рускиот претседател Владимир Путин како „воен злосторник“ од страна на американскиот претседател Џо Бајден е „неприфатлива и непростлива реторика“.

Бајден денеска во Вашингтон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради воената операција што ја започна во Украина. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако почна воениот конфликт меѓу Русија и Украина.