Фото: ЕПА

Истражување спроведено низ ЕУ, кое го нарача Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), покажа дека „запрената контраофанзива на Украина, растечките стравови од промена на американската политика и изгледите за втор американски претседателски мандат за Доналд Трамп, кај граѓаните на Европа го подгреваат песимизмот за исходот на војната“…

Анкета во ЕУ:

Истражување спроведено низ ЕУ, а изработено по порачка на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), под назив „Војни и избори: Како европските лидери можат да ја задржат јавната поддршка за Украина“, отслика видлива промена во расположението на Европејците, во споредба со истиот период од минатата година.
Имено, споменатото истражување и спроведената анкета во јануари годинава, во 12 земји членки на ЕУ – вклучувајќи ги Франција, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија и Шведска – покажа дека „запрената контраофанзива на Украина, растечките стравови од промена на американската политика и изгледите за втор американски претседателски мандат за Доналд Трамп, кај граѓаните на Европа го подгреваат песимизмот за исходот на војната“.
Анализата на податоците собрани во дванаесет европски држави покажа дека само еден од 10 Европејци во 12-те земји што биле вклучени во истражувањето веруваат дека Украина ќе победи на бојното поле. Второ, двојно повеќе (20 отсто) Европејци предвидувале руска победа. Трето, дури и во најоптимистичките анкетирани земји членки – Полска, Шведска и Португалија – помалку од еден од пет (17 земји членки) верува дека Киев може да победи.
Понатаму, во сите земји, покажаа резултатите од анкетата, најчестото мислење, кое го делат просечно 37 отсто од испитаниците, било дека „војната ќе заврши со компромисно решение“.
Натаму, заклучок од истражувањето е „доколку САД ја прекинат воената помош за Украина под претседателство на Трамп, 41 отсто од Европејците рекле дека ЕУ треба или да ја зголеми својата поддршка или да ја задржи на сегашното ниво, додека 33 отсто би сакале ЕУ да го следи водството на САД“.


2024 година ќе биде најголемата изборна година во историјата

На глобално ниво, повеќе гласачи од кога било досега ќе се упатат кон избирачките места во 2024 година, бидејќи најмалку 70 земји, што претставува околу половина од светското население, одржуваат национални избори од некаков вид.
Од десетте најнаселени земји, во осум од нив се одржуваат избори годинава – Бангладеш, Бразил, Индија, Индонезија, Мексико, Пакистан, Русија и САД.


Гласање во светот низ историјата