Фото: Џо Бајден/инстаграм

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече „луд кучкин син“ шефот на руската држава Владимир Путин. На состанокот со донаторите на Демократската партија во Сан Франциско, Бајден рече дека климатските промени се „егзистенцијална закана за човештвото“ и покрај „лудиот кучкин син Путин“. Кремљ го критикуваше изборот на зборови на Бајден.

Бајден го употреби изразот „crazy SOB”, кратенка од навредата „son of a bitch“. Изразот прилично често се користи во САД и се смета за помалку вулгарен во споредба со другите навреди. Во минатото американскиот претседател го нарекуваше Путин „касап“ и „воен злосторник“, во рамките на неговите изјави за Украина.

Кремљ го критикуваше изборот на зборови на Бајден и му порача на американскиот претседател да побара подобар совет. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека неговиот избор на зборови го направил Бајден да изгледа како „холивудски каубој“ и го нарушил угледот на Америка. Toj изјавите на американскиот претседател Бајден денеска ги оцени како „срамни“.
-Огромен срам за САД е ако претседателот на таква земја користи таков јазик, тоа е навистина страшно – рече Песков.

Според Песков, Путин никогаш не дал толку груби изјави. По смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во руски затвор, Бајден најави „значајни“ санкции против Русија.