Кадровските проблеми во авиосообраќајот во Европа веројатно ќе продолжат да предизвикуваат главоболки при патувањето во екот на летната сезона, при што аеродромите и авиокомпаниите бараат да најдат работници што ќе ги заменат оние што се откажале или биле отпуштени за време на пандемијата на ковид-19. Проблемот го комплицираат штрајковите на работниците од индустријата за авиосообраќај, кои бараат подобри плати и услови, што придонесува за создавање повеќечасовни редици на главните аеродроми и откажувања летови, рушејќи ги надежите на луѓето што се обидуваат да летаат во странство за нивниот прв летен одмор по укинувањето на ограничувањата воведени во пандемијата, кои ја затворија туристичката индустрија во 2020 година.