Започнаа градежните активности на улицата Козара во населбата Капиштец. Реконструкцијата ќе го опфати потегот од улицата Антон Панов до улицата Васил Ѓоргов, бидејќи во овој реон улицата Козара има потреба од обновување на асфалтот.
– На овој потег на улицата Козара ќе бидат поставени нов асфалт, во должина од 1.490 квадратни метри, и нови рабници, со вкупна должина од 940 метри, односно по 470 метри од двете страни. Заедно со поставувањето на новиот асфалт по должината на овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 23 шахти – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Општина Центар ја започна и реконструкцијата на улицата Петар Поп Арсов, а во следниот период ќе работи на улицата Рајко Жинзифов, на Адвокатската улица и на пробивањето на улицата Партизанска.
– Општината силно вложува во инвестиции во инфраструктурата за да се зголеми безбедноста на пешаците и на возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот – информираа општинските власти.