Фото: Претседател на Украина

Украинската безбедносна служба отворила истрага за уредите за собирање информации пронајдени во канцелариите што требало да ги користи генерал Валериј Залужни, главниот командант на украинската армија.

– Истрагата е покрената според член од Кривичниот законик на Украина за „незаконско стекнување, продажба или употреба на специјални технички средства за собирање информации“ – oбјави безбедносната служба на платформата „Телеграм“.

– Потенцираме дека уредот не е пронајден во канцеларијата на Залужњи, туку во една од собите што тој би можел да ја користи за работа во иднина – се додава во соопштението на службата за безбедност, во кое се нагласува дека уредот не е во оперативна состојба – пренесуваат британските медиуми.

– Залужни и украинскиот претседател Володомир Зеленски во последните неколку месеци се во отворена конфронтација во врска со војната со Русија. Генералот тврди дека конфликтот влегува во фаза што ќе и овозможи на Москва да ги обнови своите воени сили, додека Зеленски не се согласува со тоа тврдење – наведуваат британските медиуми.