Фото: Принт-скрин

Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот „Дружба“ што пренесува нафта од Русија во Европа.

Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.

– Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално – информира Перн.

„Во моментов сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби“, нагласи компанијата.