Фото: Пиксабеј

Портпаролот на холандското обвинителство денеска потврди дека обвинителите и пред инцидентот биле загрижени за однесувањето на човекот кој е осомничен за вчерашното убиство на три лица во Ротердам и дека испратиле предупредувачко писмо до училиштето кое го посетувал.

Во писмото се опишани „психотичното однесување“ на сега осомничениот 32-годишен маж, неговите проблеми со алкохолот и поплаките од соседите за неговиот однос кон животните, пренесуваат британските медиуми.

Неколкумина загинати во вооружен инцидент во Ротердам, напаѓач пукал во куќа, па во болница

Тој треба да се појави на суд на 3 октомври и моментално е во притвор под сомнение дека убил 39-годишна жена која живеела во близина на неговиот дом и нејзината 14-годишна ќерка, а потоа и 43-годишна лекарка која предавалa во Универзитетската болница „Еразмус“ во кој присуствувал осомничениот. Мотивот за нападот засега не е познат.

-Шокирани сме од страшниот инцидент. Пукано е на две различни места во градот. Многу луѓе беа сведоци на пукањето- изјави градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб.