Фото: Принтскрин

Обединетите Арапски Емирати побараа деенеска да се одржи итен состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Западниот Брег, изјави портпаролката на мисијата на ОАЕ, Шахад Матар.

– Обединетите Арапски Емирати повикаа на 29 декември да се одржи итен состанок на Советот за безбедност на ОН за брзата ескалација на ситуацијата на Западниот Брег и нејзиното влијание врз одржливоста на решението за две држави – објави таа на платформата Х.

Според неа, „насилството на екстремистите од доселениците и извештаите за израелските напади го ставаат политичкиот хоризонт за Израел и Палестина во сериозна опасност“.