Фото: ЕК

Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди пукањето во трговскиот центар во Копенхаген, нарекувајќи го „ужасен напад“, јави ДПА.
Таа ја повика јавноста да застане заедно и луѓето да си понудат поддршка едни на други.

– Сите ние бевме брутално растргнати од светлото лето што штотуку започна. Неразбирливо е. Срцепарателно. Бесмислено. Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата – изјави премиерката.

Фредериксен им се заблагодари на полицијата, спасувачите и на сите други кои помогнаа за нивните напори.

Три лица беа убиени а три други се во критична состојба по вчерашниот напад. Уапсен беше 22-годишен Данец.