Научниците кои трагаат по планети кои би можеле да поддржат живот, откриле планети за која веруваат дека има вода и е неверојатно слична на Земјата.
Оваа планета се наоѓа на „само“ 20 светлосни години од Земјата и орбитира околу ѕвезда која наликува на Сонцето, објавено е во списанието „Astronomy and Astrophysics“.
Веројатно има атмосфера слична на нашата и е „СуперЗемја“ наречена HD 20794 d, пренесе „Танјуг“.
Околу својата ѕвезда орбитацијата и трае 647 дена, што значи дека постои голема веројатност дека содржи вода. Откритието беше потврдено од Институтот за астрофизика на Канарските острови (IAC) и Универзитетот во Ла Лагуна (ULL).
„Супер-Земјата“ се наоѓа во зоната погодна за живеење на нејзината ѕвезда HD 20794.
Откритието е објавено по 20 години набљудување. Потрагата по планети во погодни зони на ѕвезди слични на Сонцето е од клучно значење за разбирање на потенцијалот за живот надвор од Земјата.
Ова откритие им помага на научниците да истражат услови слични на оние што овозможиле да се развие живот на нашата планета. HD 20794, ѕвезда малку помала од Сонцето и оддалечена само 20 светлосни години и долго време е предмет на интерес на научниците.
Ова најново откритие ја означува третата планета идентификувана во нејзиниот систем, по потврдата на две други „Супер-Земји“ пред повеќе од една деценија.