Фото: Пиксабеј

На европските берзи денеска наутро цените на акциите паднаа на најниско ниво во изминатите седум месеци, бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошна ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во плус 9, отсто во 9.30 часот и падна на најниско ниво во последните седум месеци.

Лондонски FTSE индекс се намали за 0,78 отсто, на 7.426 поени, додека франкфуртски DAX потона за 1,75 отсто, на 14.472 поени, а париски CAC 0,93 отсто, на 6.725 поени.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа, па индексот на акциите на Азија-Пацифик MSCI, без јапонскиот, беше во минус од 1,6 отсто околу 9:30 часот.

На токиската берза индексот Никеи се лизна за 1,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 1 и 2,7 отсто.

Берзите, пренесе МИА, остро паднаа поради ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера призна два проруски региона во источна Украина и и нареди на руската војска веднаш да започне „мировна операција“ таму. Ова предизвика остра осуда од Западот.

Затоа на Волстрит, каде што вчера немаше работа поради празниците, фјучерсот S&P 500 индексот е во минус за околу 1,5 отсто.

-По овој руски потег, поблиску сме до воена интервенција, што секако носи голем ризик на пазарите. Очекувам зголемена пазарна нестабилност на краток рок, пораст на цените на нафтата и пад на цените на акциите. Инвеститорите ќе бараат засолниште за капитал во побезбедни инвестиции, како што е јапонскиот јен- рече Карлос Казанова, економист во UBP.