trump - Zelenski
Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал многу добар разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека разговорот бил заснован на теми за кои разговарал со рускиот претседател Владимир Путин вчера – пренесе „Ројтерс“.

 – На вистинскиот пат сме – рече Трамп.

Тој додаде дека деталите од разговорот ќе ги дадат државниот секретар Марк Рубио и советникот за национална безбедност Мајкл Волц.