Саудиска Арабија денеска денеска е домаќин на разговори за војната во Украина каде се очекуваат претставници од околу 40 земји. Претставник на Русија нема да присуствува на состанокот.
Саудиска Арабија е подготвена да придонесе за постигнување решение кое ќе резултира со траен мир во Украина, објави владата на земјата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека средбата во Џеда е уште еден чекор кон глобален мировен самит.
Состанокот на советниците за национална безбедност и други официјални лица во крајбрежниот град Џеда на Црвеното Море ја нагласува „подготвеноста на Ријад да ги вложи своите добри функции за да придонесе за постигнување решение што ќе резултира со траен мир“, соопштија вчера властите на таа држава.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави широкиот спектар на земји претставени во разговорите во Џеда, вклучително и земјите во развој кои се тешко погодени од порастот на цените на храната предизвикани од војната.
Домаќин на Самитот ќе биде принцот Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, престолонаследник и премиер на Саудиска Арабија.
-Владата на Кралството очекува дека оваа средба ќе придонесе за зајакнување на дијалогот и соработката преку размена на мислења, координација и размислување на меѓународно ниво за начините како да се обезбеди решение за кризата преку политички и дипломатски средства – се наведува во соопштението.