Фото: Принтскрин

Компанијата „Тесла“ соопшти дека има намера да почне со масовно производство на човековидни роботи до 2026 година. Тоа го најави извршниот директор Илон Маск во објава на „Х“.

– ‘Тесла’ ќе има навистина корисни човековидни роботи следната година коишто ќе се користат за внатрешните производствени потреби на компанијата. Се надеваме дека ќе почнеме масовно производство за други компании до 2026 година – напиша Маск.

Тој уште во 2021 година најави дека роботот наречен „Оптимус“ – „за многу скоро“ ќе биде подготвен за работа во фабриките на „Тесла“, но тоа досега не се оствари.