Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема смисла да се слуша што велат украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба за перспективата на преговорите со Русија, бидејќи, како што рече, „тие го кажуваат токму спротивното“.
Осврнувајќи се на изјавата на Кулеба дека Украина е подготвена за преговори со Русија, Лавров изјави дека не е првпат Кулеба да го каже тоа.
-А, понекогаш зборуваше сосема спротивни работи. Неодамна разговараа за преговорите. Зеленски ја спомена неговата подготвеност на крајот да седне со руските претставници. Не ги слушам, да бидам искрен – рече Лавров на прес-конференција во Лаос, по состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).