Фото: ЕПА

Во официјалното обраќање портпаролот на кинеското министерство за одбрана Ву Чиан истана дека „кинеско-руската воена соработка е насочена кон заштита на еднаков и праведен светски поредок“. Притоа, тој за јавноста издвои дека „Кина и Руската Федерација постигнуваат отворени и транспарентни зафати на меѓусебна соработка, насочена кон заштита на еднаквоста и правдата на меѓународната сцена“. Тој, дополнувајќи ја констатацијата со практичен пример, изјави дека „во редовни заеднички патроли учествуваат вооружените сили на двете земји“, при што прецизира дека „таквите заеднички акции се насочени за заштита на мирот и стабилноста“

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу од вчера до 19 август е во официјална посета на Русија. Тој, меѓу другото, ќе учествува на 11-та Московска конференција за меѓународна безбедност. Потоа, кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу ќе ја посети и Белорусија. Тоа го потврди портпаролот на кинеското министерство за одбрана, Ву Чиан.
– По покана од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и од белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин, државниот советник и кинески министер за одбрана Ли Шангфу ќе отпатува во Русија. Ли Шангфу ќе одржи говор на конференција во Москва и ќе се сретне со претставници на руското воено раководство и со претставници на армиите на други земји. Ли Шангфу ќе учествува и на 11-та Московска конференција на меѓународната безбедност, а ќе ја посети и Белорусија – изјави портпаролот на кинеското министерство за одбрана Ву Чиан.
Што се однесува до плановите на кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу за Белорусија, тој планира да ги посети воените единици и ќе разговара со највисоките воени и владини претставници. Спроти својата посета, кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу изјави дека „армиите на Кина и на Русија работат заедно за одржување на мирот и стабилноста во регионот“.
Според портпаролот на кинеското министерство за одбрана Ву Чиан, „кинеско-руската воена соработка е насочена кон заштита на еднаков и праведен светски поредок“!
– Треба да се напомене дека Кина и Руската Федерација постигнуваат отворени и транспарентни зафати на меѓусебна соработка, насочена кон заштита на еднаквоста и правдата на меѓународната сцена – изјави тој, додавајќи интересна забелешка дека „во редовни заеднички патроли учествуваат вооружените сили на двете земји“.
Наедно, тој прецизира дека таквите заеднички акции се насочени за заштита на мирот и стабилноста.
– Ова е сосема различно од начинот на размислување од Студената војна на некои земји што активно промовираат конфронтација на воениот блок и спроведуваат политика на хегемонија и угнетување насекаде – додаде Ву Чиан, прецизирајќи дека кинеско-руската воена интеракција не е насочена против трети страни и се спроведува земајќи го предвид меѓународното право. Р.Н.М.