Фото: Александар Вучиќ/ инстаграм

КФОР го одби барањето на Белград за враќање на српските безбедносни сили на територијата на Косово и Метохија, објави српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на „ТВ Пинк“.

-Ми се чини дека сите го знаевме и го очекувавме тој одговор. Тие одговорија, секако, дека сметаат дека нема потреба од враќање на српската армија и вооружените сили на Република Србија на територијата на територијата на Косово и Метохија, повикувајќи се на резолуцијата 1244. Знаеа дека немаат на што да се повикаат, потоа се повикаа на одредена законска рамка – рече српскиот претседател.

Вучиќ вели дека одговорот на КФОР пристигнал на Бадник.

-Добро би било на Бадник да дадат позитивен одговор, тогаш знаете дека не е случајно. Згрешиле што напишале „внимателно следиме“, но со јасна политичка конотација… Внимателно следат што е што се случува на север, а само два часа претходно било пукано врз момчињата – додава тој.

-Истрелите беа на југ, не е ваше место да се грижите за барикадите, туку за безбедноста на Србите на цело Косово. Тоа се случи на југ, а тие го спомнаа само северот. Нивното раководство се грижи само за политички решенија, за нивните решенија за иднината, а не за вистинска безбедност.