Фото: Фејсбук/Изет Меџити / Архива

Потпретседателот на ДУИ и еден од водачите на „огнената група“ во партијата, Изет Меџити, синоќа, од Студеничани изрази поддршка за партискиот лидер, Али Ахмети, и му порача „да не го гори јорганот поради една болва“.
„Огнените“ оценуваат дека реализацијата и ефикасноста на извршната власт е под два отсто.

-Владата на РСМ има речиси половина од министрите Албанци, држи 80 отсто од економските ресори, а сепак успева да материјализира само 2 отсто успех во албанските зони. Албански кадар раководи со Дирекцијата за патиштата, додека сите инвестиции се прават во Источна Македонија, а во албанскиот дел се прават само соништа и ветувања. Погледнете го патот за Блаце, Кичево-Охрид или Коридорот 8. Само ветувања. Реков и во Собрание, помалку фотографирање, повеќе работа – рече Меџити.

Тој истакна дека го поддржуваат евроатлантскиот правец на Владата, не само со изјави туку и со конкретни акции и побара одговорност од извршната власт.

Побара одговорност од извршната власт за, како што рече, нивната неефикасност.