Фото: Каја Калас (инстаграм)

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Каја Калас изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта покажуваат дека Кремљ „нема интерес за мир“.

– Руските ракети немилосрдно паѓаат врз Украина, носејќи повеќе смрт и повеќе уништување. Путин уште еднаш покажа дека нема интерес за мир- напиша Калас на Х.

Таа додаде дека мора да се засили воената поддршка – „во спротивно, уште повеќе украински цивили ќе ја платат највисоката цена“.