Јужна Кореја ќе побара екстрадиција на До Квон, еден од најбараните светски бегалци од областа на криптокриминалот, кој беше уапсен во Црна Гора, изјави денеска портпаролката на обвинителството во јужен Сеул, Ким Хје-кјунг.
РТЦГ јави дека јужнокорејските државјани До Квон и Хон Чанд Јун се приведени по сослушувањето во Основното државно обвинителство кое заврши рано утринава.
– Јужнокорејските обвинители ќе преземат чекори за да го вратат Квон До-Хјунг во земјата. Работиме на тоа – рече Ким Хје-кјунг.
Црногорските власти вчера соопштија дека е уапсен јужнокорејскиот државјанин До Квон.
Бараниот бегалец што ја донесе „криптозимата“ падна во Црна Гора?
На крајот на декември минатата година, јужнокорејските власти објавија дека Квон, ко-основачот и извршен директор на компанијата „Тераформ“ чие седиште е во Сингапур, најверојатно се крие во Србија.
Квон го бараат Јужна Кореја, САД и Сингапур, а Интерпол по него распиша меѓународна потерница во септември.
Тој е обвинет за измама и кршење на правилата на пазарот на капитал по колапсот на дигиталните монети „тера“ и „луна“ во мај минатата година, како резултат на што инвеститорите загубија околу 42 милијарди долари.