Фото: принтскрин/Твитер/И24Њуз

Израелската армија соопшти дека кон нејзините војници бил отворен оган на либанската граница и како одговор на тоа возвратиле со артилериски напад во областа каде е извршен нападот.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека во последните неколку часа бил отворен оган од либанска територија на пунктови кои и припаѓаат на израелската армија.

Се додава и дека тенк на израелската армија бил цел на противтенковски ракетен напад, пренесе „Анадолија“.

Се наведува дека во нападот нема загинати или ранети војници, а се додава дека позицијата од која е отворен оганот била погодена од артилериски оган.