Хрватска

Викендов во Далмација беше невообичаено топло за почетокот на јануари, а во Дубровник беше соборен температурниот рекорд за јануари, бидејќи измерената температура од 19,3 степени Целзиусови е највисока во извршените мерења направени во последните 10 години. Во некои делови на Далмација, како што пренесуваат локални медиуми, било потопло отколку во Дубровник, па во Сињ се измерени 20,9 степени, во Метковиќ 20,7, а во Имотски 19,6 степени, пренесува порталот „Индекс“. Порталот пренесува дека во Книн биле измерени дури 21,6 степен, а во Сплит 15,5 степени. Малку постудено било во Шибеник, каде што највисоката измерена температура била 14,6 степени. Дел од хрватските медиуми пишуваат дека овие некарактеристично високи температури за овој дел од годината се должат и поради глобалното затоплување што му се заканува на светот и на регионот.

Подготви: Дејан Србиновски