Фото: Фејсбук

Пратениците на британската Конзервативна партија денес му изгласаа доверба на својот лидер Борис Џонсон. За негово останување на чело на партијата гласаа 211 пратеници, а против беа 148.

За заминување на Џонсон беа потребни гласовите на мнозинството конзервативни пратеници.

Ако се случеше тоа, ќе следеа избори за нов лидер на партијата.

Гласа 359 конзервативни пратеници, од кои 41 отсто гласаа за менување на Џонсон.

-Можам да објавам дека партијата има доверба во премиерот – кажа лидерот на одборот Греам Брејди.

Низа конзервативци изразија загриженост околу тоа дали 57-годишниот Џонсон го изгубил авторитетот да ја води државата додека ѝ се закануваат рецесија, раст на цените на храната и горивата и штрајкови во Лондон.

Џонсон, кој е премиер до 2019 година, е под сè поголем притисок по извештајот за алкохолизираните прослави на политичкиот врв во времето кога Британија беше под строги мерки воведени поради пандемијата на ковид-19.