Фото: Пeкселс

Во повеќе места во источниот дел на Украина синоќа имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија украински претставници.

Струја немаше и во вториот град по големина, Харков, но и во регионите Доњецк и Суми во источна Украина.

Електрична енергија исто така немаше и во Краматорск, град лоциран во источниот дел на земјата.

Украинската војска моментно спроведува контраофанзива во правецот на Харков. Украинските сили објавија дека продолжуваат со брз напредок во североисточниот дел на земјата, заземајќи повеќе од една третина од регионот Харков за три дена.