Фото: Принтскрин

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти сè уште се заробени во кампови во североисточна Сирија и се изложени на ризик од напади и насилство, предупреди денеска невладината организација „Спасете ги децата“.

– Рекорден број од 517 жени и деца се вратени оваа година од камповите во североисточна Сирија – се вели во соопштението на невладината организација.

Како што се додава, „7.000 деца на странски државјани останаа заробени и се изложени на ризик од напади и насилство“.

Иако невладината организација го поздравува зголемувањето на бројот на репатријации на жени и деца од камповите Ал-Хол и Роџ во 2022 година, апелираше уште повеќе да се работи на тоа.

Од поразот на Исламската држава во 2019 година, околу 56.000 лица блиски до џихадистите се заробени во два кампа под контрола на Курдите.