Илустрација / Фото: Принтскрин/„Ај-ти-ви њуз“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека „Хамас ја изгубил контролата во Газа.

Галант ова го изјави во видео емитувано на главните израелски телевизиски станици, пренесе „Би-би-си“.

– Терористите бегаат кон југ. Цивилите ги ограбуваат базите на Хамас. Тие повеќе немаат верба во владата – додал Галант.