Повеќето Германци не би сакале Ангела Меркел повторно да биде канцелар, покажува истражувањето на јавното мислење.
Околу 70 отсто од испитаниците не сакаат враќање на конзервативниот политичар кој се повлече по минатогодишните избори, по 16 години како канцелар на земјата, покажа репрезентативното онлајн истражување спроведено од Институтот „Civey“ за Funke Media Group.
Помалку од една четвртина – околу 23 проценти би сакале да ја видат Меркел повторно на чело на најголемата европска економија, покажува истражувањето.
Сепак, околу 43 отсто од анкетираните рекле дека мислат дека Меркел ги извршува своите должности подобро од актуелниот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, додека 41 отсто го мислат спротивното.
На 24 ноември, „Civey“ анкетираше вкупно 5.003 луѓе.