Договорот што ѝ овозможи на Украина, и покрај руската инвазија, да извезува земјоделски стоки од пристаништата на Црното Море треба да продолжи, се согласија членовите на годинешниот самит на Г-20 во нацрт-верзијата на нивната конечна заедничка декларација во која имаше увид агенцијата ДПА.
– Ја нагласуваме важноста на целосна, навремена и континуирана имплементација од страна на сите релевантни чинители – се вели меѓу другото во нацрт-документот, во кој се нагласува и важноста што ја има украинското жито во глобалната продажба на храна, која претрпе недостиг претходно оваа година кога Русија ги блокираше пристаништата.
Важноста на договорот истекува в сабота, но може да продолжи доколку ниту една страна експлицитно не го прекине. Русија е членка на Г-20 и ќе мора да поддржи кој било јазик во конечната заедничка изјава на групата.