Европскиот парламент денеска го прогласи за геноцид гладот во Украина предизвикан од Советите во 1930-тите, кога поради недостиг на храна загинаа неколку милиони луѓе.
Во текстот усвоен речиси едногласно (507 гласа за, 12 против и 17 воздржани), европратениците оценуваат дека тој глад, познат како „холодомор“, бил предизвикан од „советскиот режим со намера да уништи група луѓето со намерно наметнување такви услови за живот што незапирливо доведуваат до нивно физичко уништување“.
За време на гладта во Украина, таканаречениот „холодомор“, милиони луќе ги загубија животите, како резултат на присилната колективизација на земјоделството од страна на Сталин.
Во 2006 година, Парламентот на Украина го прогласи „холодомор“ за чин на геноцид врз украинскиот народ.