ЕУ планира да склучи трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен природен гас до летото, како дел од напорите да се стави крај на зависноста од Русија, напиша шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел на својот блог.
– Што се однесува до диверзификацијата на испораките, Европската комисија и САД веќе се договорија за дополнителни испораки на течен природен гас … Работиме и со Канада за можни испораки на течен природен гас и водород. ЕУ планира до летото да склучи трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен природен гас-рече Борел.
Голем број западни земји воведоа неколку пакети санкции против Русија поради ситуацијата во Украина. Земјите од ЕУ сериозно размислуваат да се откажат од руската нафта и гас. Шестиот пакет санкции на ЕУ бара нафтено ембарго, но неколку земји, особено Унгарија, го блокираа неговото усвојување.