ЕУ ќе разговара за нејзината поддршка за истрагите за воени злосторства во Украина на состаноците во следните два дена со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Европската комисија.

Карим Кан, од судот со седиште во Хаг, утре во Луксембург ќе се сретне со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, а потоа ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во градот в понеделник.

Состаноците ја нагласуваат силната поддршка на Европската унија – исто така изразена во изјавата на Г7 во четвртокот – за истрагите за злосторствата во Украина, поттикнати особено од убиствата во градот Буча, во близина на Киев.

Функционери на ЕУ претпочитаа да ги чекаат резултатите од истрагите за воени злосторства спроведени од украинското обвинителство со помош на МКС, ЕУ, комесарот за човекови права на ОН и ОБСЕ.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, која вчера ја посети Буча со Борел, истакна дека потребна е ригорозна истрага, за сите идни обвиненија за воени злосторства да се покренат на суд.