Фото: Владимир Путин/инстаграм

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за формирање центар за природен гас во Турција. Тој рече дека Европа ќе добива гас преку Турција, пишува „Ројтерс“.

Обраќајќи им се на членовите на неговата партија АК во парламентот, Ердоган кажал дека Путин рекол дека Европа може да ги снабдува своите гасови од центар во Турција.

– Во Европа сега се занимаваат со прашањето како да се стоплат во претстојната зима. Ние немаме таков проблем. Со Владимир Путин се договоривме за создавање на гасен центар во нашата земја преку кој, како што вели , природен гас може да се испорачува во Европа. Европа да нарача гас од Турција – рече Ердоган, пренесува руската новинска агенција ТАСС