Фото: Принт-скрин

Експлозии беа регистрирани денеска во раните утрински часови во украинскиот главен град Киев, изјавија двајца очевидци.

Сирените за воздушен напад се вклучиле во главниот град и околниот регион околу 20 минути пред експлозиите. Регионалниот гувернер на Киевската област, Олексеј Кулеба изјави дека се активирани противвоздушните системи.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко потврди дека имало експлозии во главниот град на Украина. Според него, украинската ПВО соборила десет дронови „шахид“ што ги произведува Иран.