Ebola Kongo
Фото: ЕПА

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократската Република Конго се искачи на 2.267, додека од последиците на болеста досега починале 893 лица, покажуваат најновите податоци објавени од Владата во Киншаса.

Според официјалниот извештај, бројките го опфаќаат вкупниот биланс на заразени и починати заклучно со петокот.

Здравствените власти предупредуваат дека епидемијата и натаму е сериозна и дека состојбата останува критична. Само во изминатите 24 часа се регистрирани уште 86 нови случаи на заразување со вирусот и 29 нови смртни случаи.

Надлежните институции продолжуваат со мерките за спречување на ширењето на вирусот и следење на состојбата на терен.