Данските власти ќе купат два милиони таблети јод „во случај на нуклеарна несреќа во непосредна близина“ на земјата, соопшти денеска данската здравствена агенција.
Според Министерството за здравство, специјалната операција на Руската Федерација во Украина покажала дека „светот е непредвидлив“.
– Затоа, данската здравствена агенција ја ревидираше количината на залихи на јод во Данска што треба да се користи во случај на нуклеарна несреќа во наша непосредна близина … Администрацијата препорача зголемување на сегашните залихи, купување два милиони таблети јод – соопшти здравствената агенција на земјата.