Фото: Принтскрин/Јутуб

Бурата „Киаран“ ја погоди Европа. Забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата, пренесува британски „Гардијан“.

Забележани се поплави во Словенија и во Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се излеа реката Сава. Има силни бранови на хрватското крајбрежје, како и случаи на превртени камиони и паднати дрвја.

Невремето предизвикува дополнителни инфраструктурни проблеми поради тоа што се затвораат пристаништа и се откажуваат возови и летови. Во Велика Британија затворени се повеќе од 300 училишта, а во Франција над 1,2 милиони жители се без пристап до струја, известува „Би-би-си“.