Фото: Принтскрин/Јутуб

Лидерот на милитантната група Хезболах, Хасан Насралах, денеска првпат одржа говор од 7 октомври, кога Хамас го нападна Израел.

Насралах говорот го почна со оддавање на почит на либанските и палестинските маченици убиени во судирот со Израел. Тој додаде дека загинатите либански и палестински борци добија медали и оти денеска ќе се разговара со нивните семејства.

Обраќањето на Насралах уследи откако Хезболах вчера изврши најголем напад врз Израел досега. Хезболах вчера соопшти дека почнала 19 симултани напади врз израелската армија и првпат употребиле експлозивни дронови.

Тој им се заблагодари на оние во Јемен и Ирак кои учествуваа во битката, потенцирајќи оти војната на Хамас против Израел се проширува на повеќе од еден фронт.

Насралах се осврна и на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, тврдејќи дека операцијата била само на Палестинците.

– Операцијата на Хамас беше одлична, таа света операција беше 100 проценти палестинска. Оваа операција немаше негативна страна и не можеа поинак -, наведе Насралах.

Тој додаде тајно планираниот напад од Хамас ќе има трајни последици.

– Оваа славна, сеизмичка операција предизвика пресврт на безбедносен, воен, политички, дипломатски, па дури и психолошки план. Тоа ќе има длабоки стратешки последици – истакна лидерот на Хезболах.

Насралах посочи рече дека Израел си поставил премногу високи цели кога станува збор за обидот да го уништи Хамас и да ги елиминира неговите лидери. Насралах изрази и сомневање дека Израел е способен да ја постигне целта за ослободување на заложниците, бидејќи и во минатото бил принуден да преговара за ослободување на заробениците.

Лидерот на либанскиот Хезболах денеска ги предупреди САД дека спречувањето на регионална војна зависи од запирање на израелскиот напад врз Газа и постои реална можност борбите на либанскиот фронт да се претворат во „широка војна“.

Саид Хасан Насрала им се закани и на САД, кои се главен сојузник на Израел, навестувајќи дека неговата група поддржана од Иран е подготвена да се спротивстави на американските воени бродови во Средоземното Море.

– Вие, Американците, можете да ја запрете агресијата врз Газа бидејќи тоа е ваша агресија. Кој сака да спречи регионална војна, а јас разговарам со Американците, мора брзо да ја запре агресијата врз Газа – рече Насрала.

САД го повикаа денеска Хезболах да не го искористува конфликтот меѓу Израел и Хамас, откако лидерот на либанските милитанти рече дека „сите опции“ се отворени.

– Ние и нашите партнери бевме јасни: Хезболах и другите актери – државни или недржавни – не треба да се обидуваат да го искористат тековниот конфликт – рече портпаролот на Советот за национална безбедност.

Лидерот на Хезболах е водечки глас во регионалната воена алијанса основана од Иран за да им се спротивстави на САД и Израел, позната како „Оска на отпорот“.