Фото: Фејсбук/британско кралско семејство

На британскиот крал Чарлс Трети му бил дијагностициран рак за време на посетата на болницата поради зголемена простата, соопшти денеска Бакингемската палата.

Во соопштението само се наведува дека е откриена „форма на рак“, но не се наведува за каков вид на рак се работи.

Се додава дека Чарлс ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи до дополнително известување.

„Кралот Чарлс одлучи да соопшти дека му е дијагностициран рак за да избегне шпекулации и со надеж дека тоа ќе им помогне на луѓето ширум светот кои имаат рак“, се вели во соопштението.