Фото: МИА

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел денеска се сретна со висок ирански дипломат, јави иранската државна телевизија за неговата посета на Техеран, која е дел од напорите на ЕУ за решавање на несогласувањето меѓу Иран и САД за  повторно воспоставување Заеднички сеопфатен акционен план.

Двајца неименувани функционери, еден Иран и еден Европеец, изјавија за западни медиуми пред посетата на Борел на Техеран дека „остануваат да се решат две прашања, од кои едното е за американските санкции кон Иран“.

Франција вчера го повика Техеран да ја искористи посетата на Борел за да го обнови договорот додека тоа е се уште можно.