ФОТО:Пиксабеј

Во Анкара денеска се случи терористички напад кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на зградата на полицијата, пренесоа турските медиуми.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека „еден терорист се разнесе, а вториот е неутрализиран“ во терористичкиот напад врз седиштето на турската национална полиција во главниот град Анкара.

Јерликаја во објавата на социјалните мрежи напиша дека терористите се доближиле до зградата на полицијата со лесно комерцијално возило и дека еден од нив го активирал експлозивот и се разнел, а вториот, додаде, бил „неутрализиран“ во престрелката со полицијата која следела, во која двајца полицајци, исто така, биле полесно ранети.