Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека разбрал оти истекувањата откриени во гасоводите Северен тек нема да имаат значително влијание врз снабдувањето со енергија за Европа.
На прес-конференција заедно со индискиот министер за надворешни работи, Блинкен рече дека САД не ги потврдиле првичните извештаи дека истекувањето може да биде резултат на напад или саботажа, но оти ако е саботажа, тоа не е во ничиј интерес.
Дефектите што се случија на три крака на подморските гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 се без преседан, а времето на поправка е невозможно да се процени во овој момент, соопшти претходно денеска „Северен тек АГ“, операторот на гасоводот Северен тек 1.