Фото: Фејсбук/ФФМ

Мечот со Бугарија привлече големо внимание и на Твитер

Кој ѝ недостигаше на Македонија за да победи убедливо, свирежите за бугарската химна и моментниот пад во формата на фудбалската репрезентација беа спомнати меѓу коментарите на Твитер за синоќешниот дуел со Бугарија (0-1) одигран во Скопје, во рамки на Лигата на нации, што привлече големо внимание на социјалните мрежи. Во продолжение ги издвојуваме поинтересните твитови, од кои дел на шеговит начин даваат видување за натпреварот.

„Ернесто“ причината за поразот ја гледа во тоа што адвокатот Тони Менкиноски не беше дел од тимот на селекторот Благоја Милевски, сметајќи дека со него Македонија ќе славеше со 17-0. Менкиноски е познат како правен застапник на Македонците од Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур.

Понудено е и објаснување за свирежите упатени кон бугарската химна, што предизвика остри реакции од бугарската јавност и од тамошните водечки политичари.

Утеха за поразот се бара и во играта што Македонија ја прикажува.

„Виктор Стевич“ синоќа одлучил да го гледа филмот „Трето Полувреме“ каде што водиме со 2-1, наместо натпреварот од Лигата на нациите.

„Раиконен“, пак, смета дека фудбалската репрезентација претрпела пад од пласманот на последното првенство, преку доаѓањето на чекор од учество на претстојното Светско првенство, па до поразот од Бугарија на домашен терен.