Фото: Фејсбук

Белорускиот суд во отсуство ја осуди лидерката на опозицијата во егзил, Светлана Тихановскаја, на 15 години затвор, соопшти денеска државната агенција Белта.

На Тихановскаја во јануари годинава и беше судено во отсуство под обвинение за предавство, а нејзините поддржувачи ги отфрлија обвиненијата како „бесмислени и фарсични“.

Британските медиуми потсетуваат дека Тихановскаја побегна од Белорусија откако се кандидираше на претседателските избори во 2020 година, кога главен конкурент и беше подоцнежниот победник Александар Лукашенко.

Тогашните избори беа проследени со масовни протести, откако опозицијата го обвини Лукашенко за изборна измама, што тој го демантираше.