Фото: Путин-Лукашенко/инстаграм профил на Владимир Путин

Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Белорусија работат на подобрување на воената соработка и дека ќе одржат заеднички вежби на воздухопловните сили.

Целта на оваа соработка, наведува Министерството, е „зајакнување на заштитата и одбраната на сојузништвото на Русија и Белорусија“.

Во Белорусија ќе продолжи да пристигнува воен персонал, оружје, воена и специјална опрема на вооружените сили на Руската Федерација, се наведува.

Не беше споменато кога ќе се одржат овие воени вежби.