Фото: Принтскрин

Иран и Русија „ја зајакнуваат воената соработка без преседан“, изјави вечерва портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, додавајќи дека Москва сака да набави помодерни ирански беспилотни летала.

– Ги користиме алатките што ни се на располагање за да ги откриеме и попречиме овие активности и подготвени сме да сториме повеќе, рече Кирби, додавајќи дека САД ќе објават нови санкции во наредните денови против оние кои се вклучени во трансакциите меѓу двете земји.

Според него, станува збор за воено партнерство меѓу Иран и Русија кое е штетно за Украина, Блискиот Исток и меѓународната заедница.

– Контактите меѓу Иран и Русија во врска со продажбата на оружје, особено посовремени беспилотни летала продолжуваат, рече Кирби, додавајќи дека од август, Иран испорачал повеќе од 400 беспилотни летала во Русија, главно од типот Шахед.