Грција

Здравствените власти во Грција предупредуваат на нагло зголемување на бројот на заразени од коронавирус. Претседателката на лекарскиот синдикат во Атика, Матина Пагони, изјави дека бројот на заразени од коронавирус е зголемен 14 проценти. Лекарите препорачуваат носење маски каде што се собираат многу луѓе, како на пример во јавниот превоз, и да се држи безбедно растојание.
Министерството за здравство не предвидува воведување задолжителни маски, но на родителите им се препорачува да бараат од децата да носат маски во училиштата.
Во фокусот на секојдневната контрола е подрачјето на Тесалија по поплавите. Поради проблеми со водата за пиење, нагло се зголемува бројот на пациенти со гастроинтестинални проблеми. За еден ден биле утврдени и 49 случаи на заразени од коронавирус.
Надлежните повикуваат при патување во Тесалија да се почитуваат превентивните мерки. Р.С.